• вторник, 24 декември 2024

Археолошкиот музеј го покренува проектот „Прашај го археологот“

Археолошкиот музеј го покренува проектот „Прашај го археологот“
Скопје, 19 мај 2021 (МИА) - Археолошкиот Музеј на Република Северна Македонија ја покренува активноста „Прашај го археологот“. Преку оваа активност на младите посетители ќе им овозможат да постават прашања за сѐ она што ги интересира од областа на археологијата. Целната публика на оваа активност, како што велат од музејот, претставуваат децата од школска возраст. Идејата е да им се овозможи на децата да постават прашања за она што ги интересира од областа на археологијата. На социјалните мрежи и веб страна на музејот е поставена објава за настанот во која е наведен начинот на кој децата ќе можат да ги испратат своите прашања - преку коментар или преку порака. Следната фаза подразбира подготовка на одговори на прашањата кои ќе бидат прилагодени кон возраста на испраќачот. Одговорите потоа ќе бидат снимени во облик на видео снимка. На крајот видео снимката ќе биде поставена на социјалните мрежи. - Запомнете, не постојат чудни прашања, постојат само прашања кои не се поставени, велат од Археолошкиот музеј. Проектот „Прашај го археологот“ е во согласност со овогодинешната тема за Меѓународниот ден на музеите ,,Иднината на музеите – закрепнување и реинтерпретација”. ар/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан