• среда, 21 мај 2025

Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта

Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта

Струга, 29 април 2025 (МИА) - Артилериски проектил од Првата светска војна бил пронајден во атарот на струшкото село Калишта, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 11 часот и 20 минути во ОВР Струга било пријавено дека екипа на ЕВН Македонија, при изведување работи во атарот на струшкото село Калишта, пронашла стара граната.

- Од извршениот увид констатирано е дека се работи за артилериски проектил од Првата светска војна, калибар 105 милиметри и една чаура со каписла калибар 105 милиметри, стои во соопштението на СВР Охрид.

Пронајдените предмети безбедно биле подигнати од овластени претставници на Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка. сс/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан