• сабота, 13 декември 2025

Артета стана првиот тренер кој остана непоразен во пет последователни натпревари против Гвардиола

Артета стана првиот тренер кој остана непоразен во пет последователни натпревари против Гвардиола

Лондон, 22 септември 2025 (МИА) - Арсенал вчеравечер ремизираше 1:1 дома против Манчестер сити во петтото коло од Премиер лигата.

Тренерот на „топџиите“, Микел Артета, стана првиот тренер во историјата кој остана непоразен во пет последователни натпревари против Хозеп Гвардиола.

Во петтото коло, Манчестер ссти имаше 33 проценти посед на топката, рекордно низок процент за Гвардиола во 600 натпревари во домашното првенство.

Арсенал е втор на табелата во Премиер лигата со 10 бода, Манчестер сити е деветти со седум бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан