• среда, 21 мај 2025

Артета пред дуелот со ПСЖ: Сакаме повеќе од полуфинале

Артета пред дуелот со ПСЖ: Сакаме повеќе од полуфинале

Лондон, 29 април 2025 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета, пред полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ истакна дека неговиот тим сака повеќе.

- Станавме еден од четирите најдобри тимови во Европа, и покрај сите околности во оваа сезона и начинот на кој надминавме многу проблеми и тешкотии. Досега е одлична приказна, но сакаме повеќе. Ова е моментот кога треба да кажеме: еве кои сме ние како тим. Мора да играме со тој став. Сега се работи за тоа каде се нашите граници и колку далеку сакаме да одиме, изјави Артета.

Првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и ПСЖ ќе се игра вечер од 21 часот на „Емирати“ во Лондон.

Во другата полуфинална пресметка се среќаваат Барселона и Интер. зс/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан