Артета по ремито со Сити: Арсенал помина тежок тест
- Тренерот на Арсенал, Микел Артета се осврна на денешното реми со Манчестер сити.

Манчестер, 31 март 2024 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета се осврна на денешното реми со Манчестер сити.
Во натпреварот од 30. коло на Премиер лигата „Топчиите“ одиграа 0:0 на тешкото гостување кај актуелниот шампион.
- Нашата борба беше феноменална - и индивидуална и екипна. Поминавме многу тежок тест. Арсенал сакаше да победи, но ако не можете да победите, барем да не изгубите, изјави Артета за „Би-би-си“.
Манчестер сити има 64 бодови и е на третото место во табелата во Премиер лигата. Арсенал е на второто место со 65 бодови. Лидер во англиското првенство е Ливерпул (67), кој во оваа рунда го победи Брајтон (2:1). зс/
Фото: ЕПА