• сабота, 13 декември 2025

Артета по победата над Брајтон: Беше посебна вечер

Артета по победата над Брајтон: Беше посебна вечер

Лондон, 30 октомври 2025 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше триумфот на неговиот тим синоќа со 2:0 над Брајтон во четвртото коло од англискиот Лига куп.

- Беше посебна вечер и навистина сум среќен од неколку причини. Очигледно, стигнавме до четвртфиналето и победивме навистина силен тим. Направивме 10 измени во споредба со последниот натпревар, доведувајќи играчи кои никогаш порано не играле заедно. Имавме две одлични дебија - Макс Доман и Андре Хариман-Ануса. Уникатно чувство е да му се даде шанса на некого да го оствари својот сон. Навистина сум среќен што сè се одвиваше добро, изјави Артета за клупската веб-страница.

Арсенал во четвртфиналето од англискиот Лига куп ќе се соочи со Кристал Палас. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан