• недела, 12 мај 2024

Артета за 2:2 со Баерн: Ова е Лига на шампиони, грешките овде се казнуваат

Артета за 2:2 со Баерн: Ова е Лига на шампиони, грешките овде се казнуваат

Лондон, 10 април 2024 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги критикуваше своите фудбалери по ремито со Баерн.

„Топчиите“ синоќа во Лондон одиграа 2:2 со Баварците во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.

- Почнавме добро, доминиравме и не им дозволивме на нашите противници да направат ништо. Постигнавме многу добар гол, но веднаш потоа ситуацијата се промени. Им ја препуштивме контролата над топката на противниците и тие постигнаа гол. Атипичен беше и вториот гол. Ова обично не го дозволуваме. Ова е Лига на шампиони, тука се казнуваат грешките. Одигравме под нашите стандарди на многу начини. Тие добија премногу простор и кога Баерн тргнува во напад тие се многу опасни. Но и при резултат 1:2 бевме прибрани, се трудевме да го најдеме нашиот ритам и не избрзувавме. Верувам дека можеме да победиме на гости и да се пласираме во следната рунда. Треба добро да се подготвиме, изјави Артета за веб-страницата на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 17 април, во Минхен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан