• понеделник, 23 декември 2024

Арсовски: ДЗСИ јавно да ги објави лиценците за очната болница

Арсовски: ДЗСИ јавно да ги објави лиценците за очната болница
Скопје, 22 август 2022  Почитувани, Молкот и необјавувањето јавно на лиценците за работа на очната болница која што функционира во склоп на медикал центар Промедика е доволен показател дека државниот здравствен и санитарен инспекторат и директорката Бухова нешто кријат или се обидуваат да сокријат и да премолчат. Покрај признанието дека навистина инспекторатот издал решение за забрана за работа на очната болница, Бухова не ги приложува сите информации во јавноста и повторно ќе кажам нешто крие очигледно. Согласно информациите кои ги изнесовме и прашавме, сакаме уште еднаш да потенцираме дали оваа очна болница има лиценци за вршење оперативни зафати кои веќе ги работи и рекламира? Ова е прашањето на кое што инспекторатот а веќе и министерството за здравство  треба да дадат одговор. Второ, доколку работеле без лиценци за вршење оперативни зафати, како наплаќале за истите, односно на кој начин ги приложувале парите и парите влегувале во платен промет, односно на кој начин плаќале данок за истите. Почитувани, Кратко и јасно ова се двете прашања на кои што не треба да ги избегнуваат ниту ДЗСИ ниту пак министерството за здравство. Со оваа власт, со вакви директори како Ирина Бухова, СДСМ направи хаос и руина од здравството. Навистина е срамота за ваков скандал да се однесуваат ноншалантно и да молчат. Сепак се работи за здравје на граѓани. Ова не е срам, брука и проблем на граѓаните, ова е срам, брука и проблем на институциите со кои што раководи СДСМ. Со почит, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан