• вторник, 23 април 2024

Арсовска се сретна со претставници на Сојузот на турски невладини организации - МАТУСИТЕБ

Арсовска се сретна со претставници на Сојузот на турски невладини организации - МАТУСИТЕБ
Скопје, 12 март 2022 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска се сретна со претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин и извршниот директор Мехмед Ариф, со кои разговараше за можностите за билатерална поддршка и соработка, како и за интензивирање на турските инвестиции во скопскиот регион. Писателката Лејла Шериф Емин, добитничка на годишната книжевна награда за книгата „Мост меѓу националностите", со посвета на градот и подари дел од своите збирки поезија на градоначалничката Арсовска во кои главна тема е градот Скопје, информираа од Град Скопје. рп/нд/

Остани поврзан