• петок, 15 ноември 2024

Арсовска се сретна со кандидатите за градоначалници на Скопје

Арсовска се сретна со кандидатите за градоначалници на Скопје
Скопје, 9 ноември 2021 (МИА) - Дел од проектите кои се конструктивни и беа дел од програмите на сите кандидати за градоначалници сметам дека треба да бидат вклучени за имплементација на Град Скопје за следните четири години, затоа што секој од кандидатите има свои квалитети и знаење кои беа истакнати низ трката за подобро, поубаво Скопје и може да придонесе кон заедничката визија за современ град кој ќе нуди еднакви можности за живот за сите граѓани, истакна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на денешната средба со кандидатите за градоначалници за Град Скопје на Локалните избори 2021. - Ова треба да е континуирана заедничка заложба за позитивни промени, за доброто на градот и на нашите сограѓани. Формирање на работно тело е првиот чекор кон реализација на оваа соработка, кое ќе делува во насока на креирање конструктивни предлог политики за развој на градот во следните години, рече Арсовска. На средбата, како што соопшти Градот, се разговарало, за проекти како и за истакнати приоритетни предизвици со кои граѓаните се соочуваат, а за кои се неопходни брзи и ефикасни решенија. Се донеле заклучоци дека заеднички, транспарентно, со соработка може да се реализираат предвидени проекти, со цел обезбедување на подобар квалитет на живот на сите скопјани. Арсовска дополни дека преку ова работно тело ќе може секој да придонесе со свои идеи и предлози, за доброто на градот. - Да покажеме отвореност, соработка, транспарентност и да покажеме дека можат луѓето да бидат во изборна трка, а сепак да делуваат конструктивно имајќи го јавниот интерес на граѓаните пред се како приоритет. Ја ценам експертизата на кандидатите и верувам дека секој од нив може да придонесе за носење на промените за нашето Скопје, рече Арсовска. мс/сп/

Остани поврзан