• петок, 22 ноември 2024

Арсовска: Од ЕСМ ме информираа дека навреме ќе ги завршат обврските со топловодната мрежа за грејната сезона

Арсовска:  Од ЕСМ ме информираа дека навреме ќе ги завршат обврските со топловодната мрежа за грејната сезона

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Поставувањето на топловодната мрежа кај мостот „Беласица“ е надлежност на ЕСМ, како и санацијата од горењето на изолацијата од претходната топловодна мрежа што била таму поставена. Од ЕСМ ме информираа дека навреме ќе ги завршат своите обврски за да се почне навреме со грејната сезона, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во одговор на новинарско прашање во врска со мостот Беласица, дали ќе има парно и до каде се договорите со ЕСМ.

Таа на денешната прес-конференција при потпишувањето на Меморандум за соработка со НУ
Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје рече дека Град Скопје нема никакви договори со ЕСМ и повтори дека тоа е нивна надлежност.

-Предуслов за да можат да се постават тие топловодни цевки е истото место каде што треба да се постават да биде санирано. Невозможно е да има безбедно поставување доколку тоа  што било поставено не е санирано. Тоа е, повторувам уште еднаш, само козметичка корекција којашто мора да се направи, не влијае ниту на безбедноста, ниту на сигурноста на инсталацијата којашто ја имаме таму, ниту на самиот мост, изјави градоначалничката Арсовска.

Додаде дека очекуваат од ЕСМ навремено започнување на санацијата и завршување на нивните обврски што се однесува до мостот Беласица.

-Вештачењето го имаме и очекуваме, како што ме информираа од ЕСМ, дека истото започнува и дека тие навремено ќе ги завршат своите обврски што се однесува и до санацијата и до поставувањето на топловодната мрежа за да се почне навреме со грејната сезона имајќи ги предвид температурите коишто ги имаме надвор, посочи Арсовска. сх/лв/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан