• среда, 25 декември 2024

Арсовска: Нема да дозволам корупција и политичко влијание во институциите во Скопје

Арсовска: Нема да дозволам корупција и политичко влијание во институциите во Скопје
Скопје, 13 септември 2022 Во гостување во вестите на Канал 5 телевизија, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска посочи дека секој кој нема да испорача соодветни резултати треба да понесе одговорност и дека нема да дозволи политичко влијание во Градот Скопје. – Верувам дека сите граѓани знаат дека јас политичар не сум и во интерес ми е да се реализираат проектите кои се ветени во програмата, во интерес на сите граѓани. Доколку резултатите не се на задоволително ниво нормално е дека ќе има реакции и дека ќе има одговорност и ќе се понесе одговорност. Во конкретниот случај имавме конкретна работа за која имаше индиции дека се случува влијание во постапка на еден милионски тендер односно јавна набавка за кој имавме реакција во јавноста вчера. Секој има одговорост пред се’ пред граѓаните, таа доверба која ни била дадена не смее да се изневери, јас сум избрана на овие локални избори непосредно од скопјани и нивната доверба не смеам да ја изневерам. Тоа не значи дека треба некој кој не испорачува резутати, не е транспарентен и не си ги завршува работите кои треба да ги заврши, да биде толериран. За нас како Град Скопје е важно оние лица на кои им имаме дадено таква одговорност да ги водат јавните претпријатија да ги испорачуваат тие резултати што од нив се очекуваат, доколку таа релација не е на задоволително ниво тогаш одговорноста треба да се понесе како што е понесена, вели Арсовска. Градоначалничката истакна дека одамна нема контакт со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Хриситјан Мицкоски и дека нема да дозволи било какво политичко влијание во Град Скопје. – Ние немаме контакт одамна, они контакти кои сме ги имале биле во насока да се реализираат оние програмски активности од програмата на Град Скопје. Јас како човек избран од скопјани нема да дозволам никакво политичко влијание во Град Скопје. Тоа сметам дека треба да се превенира да се случува во секое од овие јавни институции каде Градот е основач. Сметам дека сум должна кон сите граѓани, и кон тие што ме гласале и кон тие кои не ме гласале, ветив дека ќе бидам градоначалник на сите скопјани. Во секој слуќај благодарна сум за довербата која ми беше укажана и јас сметам дека јас таа доверба нема да ја изневерам. Доколку некој сметал дека таа доверба треба да биде да одработувам за нечии лични интереси тоа нема да се случи. Пред се како човек од прв ден кажав дек ќе бидам протов корупција, против тоа да има било какви политички влијанија и верувам дека на тоа ќе останам достојна до крајот на овој мандат, вели Арсовска. Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан