• понеделник, 25 ноември 2024

Арсовска: Имам цел а и задача да направам овој град да биде гордост за сите нас

Арсовска: Имам цел а и задача да направам овој град да биде гордост за сите нас
Скопје, 24 октомври 2021 (МИА) - Времето на неработниците и на оние што даваат лажни ветувања а ништо не исполнија од тоа што ветија, е завршено. Сега ќе имате свој човек, поточно жена, која ќе овозможи вратите на градот секогаш да бидат отворени и за секоја потреба да се најде решение, им порача независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, на граѓаните од Кисела Вода. На денешната средба, Арсовска на граѓаните од „11-ти Октомври“, Македонија парк, Пржино и Црниче им престави како Кисела Вода ќе стане урбана населба според програмата што ја нуди. - Програмата е направена според вашите потреби, секојдневните проблеми, маки и барања за решенија. И затоа ќе почнеме да работиме уште од првиот ден и за 82 дена ќе биде многу направено, што некој не успеал да направи ни за четири години, ние тоа ќе го направиме за 82 дена. А останатиот дел, поголемите и покрупни проекти ќе бидат решени уште во првата половина од мандатот. Ако нешто се сака и се може, а сите овие барања се потребни и затоа проектите се реални и остварливи, истакна Арсовска. Таа им порача на жителите на Кисела Вода дека обврска на Град Скопје е генералниот план да им го даде на увид на граѓаните, да знаат што се планира и што ќе се гради во иднина. - Овој град треба да биде отворен за сите, да може секој да најде одговор на своите барања и да си го реши проблемот, без чекање, без одлагање. Имам цел а и задача да направам овој град да биде гордост за сите нас, порача Арсовска. ар/нд/

Остани поврзан