Арсовска: За решавање на проблемите во Ѓорче Петров нема да чекаме 4 години, почнуваме веднаш
- Градот Скопје мора да се развива еднакво. И во центарот на градот, но и во овие преубави населби околу него. Тука во Ѓорче Петров, се обврзувам дека за мене нема заборавен населба. Не смее Во
Скопје, 1 октомври 2021 (МИА) - Градот Скопје мора да се развива еднакво. И во центарот на градот, но и во овие преубави населби околу него. Тука во Ѓорче Петров, се обврзувам дека за мене нема заборавена населба. Не смее Волково, Кучково, Даме Груев, Ново Село, Орман и Никиштани и Кисела Јабука да немаат чиста вода за пиење или да немаат канализација или асфалт или игралишта за нашите млади генерации, истакна Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на Скопје, на вечерашната средбата со граѓаните на Ѓорче Петров.
Таа порача дека мора да се работи на растоварување на сообраќајот и на главната артерија низ Ѓорче Петров, и на влезот на градот Скопје од западен правец, но, и на артериите кои го поврзуваат Ѓорче Петров со останатиот дел од градот.
- За решавање на овие проблеми нема да чекаме 4 години. Почнуваме веднаш, им порача Арсовска на граѓаните на Ѓорче Петров.
Арсовска ги претстави проектите за Ѓорче Петров, проширување на кракот на булевар „Теодосиј Гологанов“ до крстосницата со булевар „Ѓорче Петров“ и изградба на сообраќајница со четири ленти, инфраструктурни проекти значајни за општина Ѓорче Петров, два нови кружни текови, еден на влезот во Ѓорче Петров од Сарај и друг на улица Македонска војска.
Дополни дека во соработка со централната власт ќе се предвидат и нови поврзувања со автопатот и обиколницата на клучните излези од градот Скопје, како и чистење на дивите депонии кај Ново Село и многу други. ар/лв/