Арсими и Пелистер постигнаа шест гола во последниот натпревар од есенскиот дел на ПМФЛ
- Арсими и Пелистер одиграа ефикасен натпреварот за затворање на 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот заврши со реми 3:3.
Гостивар, 8 декември 2025 (МИА) - Арсими и Пелистер попладнево во Гостивар одиграа ефикасен натпреварот за затворање на 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот заврши со реми 3:3.
Гостите од Битола поведоа уште во 16. Минута со голот на Вилдан Керим. Во 33. минута Пелистер преку Ристовски зголеми на 0:2.
На почетокот на второто полувреме Арсими намали на 1:2 со голот на Шефити. Во 56. минута беше досуден пенал за Пелистер па Александар Ристовски зголеми на 1:3.
Шпенд Асани во 80. минута намали на 2:3, Бешагиќ во следната минута ги постави конечните 3:3.
Арсими на зимската пауза заминува со 22 бода и шестата позиција на табелата, додека Пелистер од Битола зимува на деветтото место со 16 бода. зс/
Фото: ФФМ