• недела, 22 декември 2024

Арсенал ќе го обнови договорот со Артета

Арсенал ќе го обнови договорот со Артета

Лондон, 21 август 2024 (МИА) - Менаџерот на Арсенал, Микел Артета се очекува наскоро да потпише нов договор со клубот, објави „Скај спортс“.

Односот меѓу него, спортскиот директор Еду и сопствениците од семејството Кронке е толку добар што нема да има ниту формални преговори.

Според раководството на „топџиите“, клубот допрва може да се развива под водство на Артета. Во моментов, 42-годишниот стручњак има договор до 2025.

Двете страни не брзаат со новиот договор, бидејќи имаат исти идеи за иднината.  дс

Фото: Архива

Остани поврзан