• петок, 05 декември 2025

Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго

Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго

Лондон, 5 мај 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго би можел да ја продолжи кариерата во Арсенал.

Според „Relevo“, лондончани се заинтересирани за евентуалниот трансфер на 24-годишниот Бразилец. За играчот е заинтересиран и Манчестер сити.

Претходно изданието објави дека Реал Мадрид е подготвен да се раздели со Родриго за 100 милиони евра.

Договорот на Родриго истекува во летото 2028. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 100 милиони евра.

Во тековната сезона Родриго има 13 гола и 10 асистенции на 50 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан