Арсенал е заинтересиран за Леао
- Премиерлигашот Арсенал размислува да го ангажира напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, во претстојниот летен преоден рок, објави „Footmercato“.
Лондон, 25 мај 2025 (МИА) – Премиерлигашот Арсенал размислува да го ангажира напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, во претстојниот летен преоден рок, објави „Footmercato“.
Спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта, разговарал со Леао по телефон пред околу 10 дена.
Рафаел Леао одигра 50 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 12 гола и запишувајќи 13 асистенции. Неговиот тековен договор со Милан е до летото 2028 година.
Пазарната вредност на фудбалерот, според „Трансфермаркт“, е 75 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА