Арсенал го објави трансферот на Калафиори
- Англискиот вицешампион Арсенал го објави трансферот на италијанскиот дефанзивец Рикардо Калафиори. 22-годишниот дефанзивец се сели кај „топџиите“ од италијанска Болоња. Клубот не ја објави сумата на трансферот, но според медиумите таа е 45 милиони евра.

Филаделфија, 29 јули 2024 (МИА) - Англискиот вицешампион Арсенал го објави трансферот на италијанскиот дефанзивец Рикардо Калафиори. 22-годишниот дефанзивец се сели кај „топџиите“ од италијанска Болоња. Клубот не ја објави сумата на трансферот, но според медиумите таа е 45 милиони евра.
-Рикардо е голема личност и карактер. Тој има специфични вештини кои ќе не направат посилни и ќе не туркаат кон трофеи. Тој веќе покажа одличен развој со тимовите на Болоња и Италија. Она што го направи во последните години е навистина импресивно, изјави менаџерот на Арсенал Микел Артета, цитиран од клупскиот сајт.
Договорот на Калафиори е за пет сезони и во Арсенал, а ќе го носи бројот 33.
Се очекува Италијанецот да дебитира на претстојниот натпревар со Ливерпул во Филаделфија, кој ќе се одигра ноќта на 31 јули спроти 1 август. дс
Фото: Х/Арсенал