Арсенал во преговори со Јилдиз
- Арсенал е сериозно заинтересиран за потпишување на напаѓачот на Јувентус, Кенан Јилдиз.
Лондон, 22 ноември 2025 (МИА) - Арсенал е сериозно заинтересиран за потпишување на напаѓачот на Јувентус, Кенан Јилдиз.
Според „Caught Offside“, агентот на 20-годишниот турски напаѓач, Жорже Мендес, веќе се сретнал со претставници на англискиот клуб во Торино, каде што страните разговарале за потенцијален трансфер.
Договорот наводно вреди помеѓу 90 и 100 милиони евра.
Јилдиз има одиграно 14 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи три гола и имајќи четири асистенции.
Договорот на играчот со Јувентус важи до крајот на јуни 2029 година. „Transfermarkt“ ја проценува неговата вредност на 75 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА