• петок, 05 декември 2025

Армијата ангажирана во справувањето со пожарите

Армијата ангажирана во справувањето со пожарите

Скопје, 9 јули 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите, информираат од нејзиниот Кабинет. 

Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата.

Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на нејзиниот ангажман.

-Претседателката е во тек со состојбата со пожарите и изразува загриженост и сочувство со засегнатите сограѓани, се вели во соопштението од Кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова. аа/

Фото: МИА архива


 

 

Остани поврзан