• понеделник, 06 мај 2024

Арменд Ајредини од Северна Македонија второнаграден на регионалниот конкурс за карикатури организиран од холандското МНР

Арменд Ајредини од Северна Македонија второнаграден на регионалниот конкурс за карикатури организиран од холандското МНР

Скопје, 20 април 2024 (МИА) - Карикатурата изработена од Арменд Ајредини од Северна Македонија го освои второто место на регионалниот конкурс за карикатури организиран од Министерството за надворешни работи на Холандија и организацијата Картун мувмент. Првата награда му беше доделена на Душан Перишиќ, карикатурист од Србија, соопштија денеска од Амбасадата на Холандија во Република Северна Македонија.

Амбасадорот Дирк Јан Коп, се наведува во соопштението, ги објавил победниците и ја отворил изложбата од избрани дела која ќе биде претставена во сите шест главни града на државите од Западен Балкан.

По повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите Министерството го објавило конкурсот на кој се пријавиле 95 уметника со вкупно 186 дела.

- Независното жири составено од експерти од сите шест држави избра 44 карикатури кои ќе бидат изложени во Ист Гејт Мол во Скопје до крајот на месецот, се додава во соопштението. цр/

Фото: Амбасада на Холандија

Остани поврзан