Армани ги преместува работните простории од Париз во Милано
- Седиштето на модната куќа е во француската престолнина од 2005 година, а отсега тие ќе ги претставуваат новите колекции во историската Палата Орсини во Милано.

Милано, 8 мај 2020 (МИА) - Светски познатиот моден креатор Џорџо Армани одлучи работните простории на својата куќа на високата мода во Париз да ги премести во Милано, Италија.
Седиштето на модната куќа е во француската престолнина од 2005 година, а отсега тие ќе ги претставуваат новите колекции во историската Палата Орсини во Милано. Претставувањето во блиска иднина „нема да биде сезонско”, истакнува Армани.
Дизајнерот веќе откри и дека машките и женските колекции на Џорџо и Емпорио Армани ќе бидат претставени в септември, во Милано. си/