• четврток, 04 декември 2025

Арис ќе се засили со поранешен НБА играч

Арис ќе се засили со поранешен НБА играч

Солун, 19 јули 2025 (МИА) - Поранешниот кошаркар на Милвоки, Брин Форбс, ќе ја продолжи кариерата во Грција.

Бекот шутер ќе ја продолжи кариерата во Арис. Триесет и едногодишниот Американец наскоро ќе потпише договор со грчкиот клуб, објавија тамошните медиуми.

Кошаркарот помина седум сезони во НБА, играјќи за Сан Антонио, Милвоки, Денвер и Минесота. Тој одигра 431 натпревар, со просек од 8,8 поени.

Последен пат кога стапна на теренот на НБА беше во февруари 2023 година. После тоа, играчот беше обвинет за семејно насилство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан