• недела, 22 декември 2024

Арапската лига одби да заземе страна по однос војната во Украина

Арапската лига одби да заземе страна по однос војната во Украина
Алжир, 2 ноември 2022 (МИА) - Лидерите на државите од Арапската лига одбија да заземат страна во војната во Украина и повикаа на политичко решение на конфликтот што ги засега економиите на земјите од Организацијата. На дводневниот Самиот одржан во Алжир лидерите на арапските држави изразија „посветеност кон принципите на неврзаност и заедничка позиција за војната во Украина врз основа на неупотреба на сила“. Во завршната изјава по средбата арапските земји повикаа на политичко решение на кризата, согласно Повелбата на ОН и имајќи ги предвид „безбедносните аспекти“ на сите засегнати страни. Неколку арапски земји  изразија подготвеност да посредуваат за окончување на војната, што агенциите го сметаат како обид да се одржат добри односи со Русија. Сепак, речиси сите арапски држави минатиот месец гласаа за поддршка на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН со која се осудува руската анексија на четири украински региони. Во пораката упатена до Форумот, рускиот претседател Владимир Путин посочи дека неговата земја сака „да развие понатамошна сеопфатна соработка со Арапската лига и сите нејзини земји-членки за зајакнување на регионалната и глобалната безбедност“. аб/

Остани поврзан