• недела, 22 март 2026

Арагчи: Хамнеи е сè уште жив „колку што јас знам“

Арагчи: Хамнеи е сè уште жив „колку што јас знам“

Техеран, 28 февруари 2026 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, е сè уште жив „колку што тој знае“.

Арагчи даде интервју за Ен-Би-Си Њуз, откако израелскиот Канал 12 објави дека Израел проценува дека Хамнеи е „веројатно убиен“ во денешните израелски воздушни напади.

Зборувајќи во живо, Арагчи исто така рече дека двајца команданти загинале во нападите, но оти високи функционери преживеале.

- Сите високорангирани функционери се живи. Така што сите сега се на своите позиции и ние се справуваме со оваа ситуација, и сè е во ред, рече тој, пренесува Тајмс оф Израел. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан