• петок, 05 декември 2025

Арагчи: Соработката со МААЕ повеќе не е релевантна

Арагчи: Соработката со МААЕ повеќе не е релевантна

Техеран, 5 октомври 2025 (МИА) - Соработката меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) „веќе не е релевантна по повторното воведување на санкциите на Обединетите нации (ОН) поврзани со нуклеарната програма на Иран“, изјави денеска шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи.

-Нови одлуки мора да се донесат и, според мене, договорот од Каиро повеќе не е релевантен во сегашната ситуација, рече Арагчи пред дипломатскиот собир.

Тој се повика на договорот постигнат минатиот месец меѓу Иран и МААЕ за дефинирање на нивната соработка.

Иран ја суспендираше целата соработка со нуклеарната агенција на ОН во јули по бомбардирањето на иранските нуклеарни постројки од страна на Израел и САД за време на 12-дневната војна.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан