• петок, 22 ноември 2024

Апсења во Мелбурн поради протести против карантинските мерки

Апсења во Мелбурн поради протести против карантинските мерки
Мелбурн, 5 септември 2020 (МИА) - Полицијата во австралиската држава Викторија уапси неколку лица поради протест против карантинските мерки воведени во градот Мелбурн поради пандемијата на коронавирусот. Рестриктивните мерки во Мелбурн вклучуваат и ноќен полициски час. На протестите учествуваа околу 300 лица, а четворица мажи беа уапсени за поттикнување демонстрации планирани на повеќе локации во градот, додека подоцна, за време на протестите, имаше апсења на демонстранти, вклучително и за неносење заштитна маска за лице. Викторија е најтешко погодена земја во Австралија кога станува збор за пандемијата, а според последните податоци евидентирани се уште 76 случаи на зараза и 11 нови смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а вкупниот црн биланс на пандемијата во Австралија достигна 748. паг/  

Остани поврзан