• среда, 15 мај 2024

Априлијада со „Светот на Биби“

Априлијада со „Светот на Биби“

Скопје, 1 април 2023 (МИА) - Најшарениот, најрадосниот и најзабавниот настан по повод 1 Април ќе се одржи денеска во Веро центар во Скопје, каде што дечињата заедно со омилените ликови од „Светот на Биби“ на специјален начин ќе го одбележат Денот на шегата.

 

На Априлијадата добредојдени се сите дечиња со маски и без маски, како и нивните родители, баби и дедовци. Сите заедно во Веро центар ќе пеат, другаруваат и ќе се забавуваат со јунаците од „Светот на Биби“. Настанот ќе почне во 12 часот во холот на Веро центар, кога сите што собираат сликички од албумот „Светот на Биби“ ќе може да се менуваат со сликички и да го комплетираат својот албум.

 

Потоа на дечињата ќе им се придружи омилената Биби, која заедно со нив ќе пее, ќе се забавува и ќе го слави 1 Април со многу игра и смеа. Сите дечиња кои ќе дојдат маскирани како некој од јунаците од „Светот на Биби“ ќе добијат подарок изненадување. дма/са/

 

 

Остани поврзан