• среда, 15 мај 2024

Апел за спас на ФК Тетекс со купување на влезни билети за натпреварите на клубот

Апел за спас на ФК Тетекс со купување на влезни билети за натпреварите на клубот
Тетово, 20 октомври 2022 (МИА) - Навивачката група Војводи упати апел до граѓаните со купување на повеќе билети за следење на фудбалските натпревари да му помогнат на ФК Тетекс да се спаси од  финансиски проблеми.  За непречено да функционира клубот потребна е поддршка уште наредните две месеци до крајот на година. - Низ историјата сме сведоци на многубројни успеси, но и падови. Дојде моментот кога треба сите заедно и сплотено како едно да донираме за спас на ФК Тетекс. Наша должност е да подадеме рака за спас, за Teтово, за македонштината, за идните тетовски генерации.  Во таа насока, упатуваме повик до сите оние кои се љубители на спортот, кои го сакаат фудбалот, а пред се кои го сакаат ТЕТЕКС да помогнат така што ќе купат билети за преостанатите 7 натпревари до крајот на првата полусезона. На овој начин, секој од нас со симболични 100 денари да помогне на клубот во овие тешки денови на финансиска неиздржливост. Имено, картата за еден натпревар чини 100 денари, а може да се купат бесконечно многу карти согласно вашата финансиска можност, се вели во апелот на навивачката група Војводи. Заинтересираните граѓани може да донираат и на жиро сметка чија цел е спас за Тетекс (врој на сметка: 240190116799126 УНИ Банка-цел на дознака: спонзорство за спас на ФК Тетекс). Билетите ќе може да се купат на неколку места и кафе барови низ Тетово. ас/зс/

Остани поврзан