• недела, 22 декември 2024

Апелација ја уважи жалбата, Боки 13 оди во куќен притвор

Апелација ја уважи жалбата, Боки 13 оди во куќен притвор
Скопје, 30 октомври 2020 (МИА) - Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски, осуден во предметот „Рекет“, со што решението на првостепениот Суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор и се определува куќен притвор, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје. - Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител, се уважува, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје. Решението на првостепениот Суд, се вели во соопштението од Судот, се преиначува на начин што се укинува мерката притвор за обвинетиот Б.Ј. и се определува мерка куќен притвор.

Судот на 18 јуни годинава на Бојан Јовановски - Боки 13 му изрече затворска казна од девет години како првообвинет во предметот „Рекет“. аа/сп/

Остани поврзан