• четврток, 19 декември 2024

Апасиев: Можни десетина сценарија за формирање парламентарно мнозинство, три најостварливи

Апасиев: Можни десетина сценарија за формирање парламентарно мнозинство, три најостварливи
Скопје, 24 јули 2020 (МИА) – Лидерот на Левица Димитар Апасиев смета дека постојат десетина можни сценарија за постигнување парламанетарно мнозинство и формирање влада со постојните изборни резултати, од кои три се реални, остварливи и ги смета за најбитни. Тој во гостувањето на емисијата Само интервју на Канал 5 ТВ, вели, првото е коалиција на СДСМ и ДУИ.Барањето за Албанец премиер, според него е блеф на ДУИ, а во замена би го добиле МВР. Втората остварлива варијанта, според Апасиев, е коалиција на  ВМРО-ДПМНЕ со сите други албански партии без ДУИ. И третото остварливо сценарио  за кое вели нема државнички капацитет кај двајцата лидери, Мицкоски и Заев, е т.н. „скопска платформа како пандан на тиранската“. -Имено, мислам дека доколку продолжат експанзионистичките барања после секои избори на албанскиот политички кампус треба да се воспостави македонска или скопска, како сакате да ја наречете, платформа која што во четири точки, ќе каже ова се црвените линии за да нема стрес кај македонскиот народ после секои избори дали ќе ни се федерализира државата, дали ќе се кантонизира. Показна, така јас ја нарекувам – показна една година до локалните па заедно со локалните да има предвремени парламентарни избори каде што ќе се докаже дека во нашиот систем кога е државата во прашање двете најголеми македонски партии можат да коалицираат со цел да не дозволат федерализација на државата. Но, во тој случај, ниту Заев, ниту Мицкоски ќе бидат премиери, веројатно ќе најдат некој побезболен лик којшто би бил премиер една година, вели лидерот на Левица. Левица, хипотетички, вели, од овие три сценарија, би дала поддршка на второто,  но поради кражбата на гласови, за што обвинуваат, нивен врвен приорит и прашање за кое би разговарале е промена на изборниот модел во една изборна единица. Во гостувањето на Канал 5 телевизија Апасиев изјави дека има информации за обид за поткуп на пет пратеници, како и дека добил закани по живот за него и неговото семејство. -Се уценувани т.е. се подмитувани со станови во Скопје, сумата се движи од 100 до 500 илјади евра за да преминат во таборот и сето ова е недозволиво во еден систем кој претендира да биде европски, рече Апасиев. За добиените закани вели дека биле од две страни - од структури на претседателот на државата и Агенцијата за разузнавање и од, како што наведе, "пајташ" на лидерот на СДСМ од ИЕ 3. Случајот го документира и ќе му го предаде на "амбасадор на една моќна земја кој покажал интерес". Левица која официјално освои околу 38.000 гласа на изборите, и доби два пратенички мандата, обвинува за кражба на 10.000 гласа или уште три пратеника. Одлуката да се поднесат околу 2000 приговори до ДИК, кои беа одбиени, вели била нивна стратешка одлука со филибастерингот да го соголат системот, а поднесе и 101 тужба до Управниот суд, кои исто така сте беа одбиени . вг/вј/   

Остани поврзан