• недела, 22 декември 2024

Апасиев: Власта крати пари од лицата со инвалидитет

Апасиев: Власта крати пари од лицата со инвалидитет

Скопје, 31 јули 2024

Социјална држава од ЕУ, во просек, троши околу 7% од државниот буџет за социјални трансфери наменети за разни бенефиции на лицата со инвалидитет.

Македонија (која по Устав е „социјална држава“) - за лицата со инвалидитет (кои се околу 90.000 на број) - троши 0,0002% од републичкиот Буџет!

И пази сеа... Идат одвратните десничарски дарвинисти на власт, и на луѓево им кратат 165.000 ЕУР со ребалансов на Буџетот (од првично предвидените 80 милиони денари) - и тоа од веќе доделените средства, за кои има владина одлука и договор склучен со МТСП.

Ете, така штедат ДЕСНИЧАРИТЕ - додека коленичат пред стопанските комори и договараат намалување на данокот на олигарсите!


Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан