• петок, 22 ноември 2024

Анѓушев: Цената на струјата ќе зависи од берзата се додека не обезбедиме поголемо сопствено производство

Анѓушев: Цената на струјата ќе зависи од берзата се додека не обезбедиме поголемо сопствено производство
Скопје, 2 април 2022 (МИА) - Не постои друг начин како да се обезбеди поевтина струја во овој момент освен по пазарна цена на берзата, поради големата флуктуација на цените, изјави заменик-претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и претседателот на Македонската енергетска асоцијација, проф. д-р. Кочо Анѓушев. - Никој не се осмелува да даде фиксна цена за подолг временски период и таквата состојба ќе продолжи и во одреден период, се додека практично не се создаде ситуација во која ќе може да се нуди електрична енергија од сопствено производство. Само производителите можат да дадат гарантирана фиксна цена во одреден период, се друго е проблематично, вели Анѓушев. Тој потенцира дека македонската економија троши 400 мегавати електрична енергија и доколку некој сака да обезбеди годишна цена или да има годишни договори на со фиксни цени, единствена можност е тоа да се направи е преку берзата, но за да се работи преку берза потребно е да се купи струјата за една година однапред. - Мора да сме свесни дека, за македонската економија да може некој да ја гарантира цената или да ја кредитира по фиксна цена однапред, потреби се околу една милијарда евра фиксна сума денеска. Но не постои субјект што тоа може да го обезбеди. Затоа сите нудат ХИПЕКС цени и обезбедуваат електрична енергија врзана со плаќања кои ги сведуваат снабдувачите на брокери. Во меѓувреме индустријата има проблем што не може да ги формира цените на своите производи, бидејќи кога има варијабилна цена на некој од компонентите кои влегуваат во цената на чинење на производот на дневно ниво, не можете да се формира стабилна цена на производ, смета Анѓушев Според него, во овој момент во услови на раст и дневно флуктуирање на цената на електричната енергија на берзата, најпогодени се компаниите кои во цената на производот имаат значаен удел не електричната енергијата, како што е случај со металургијата каде струјата учествува со околу 40 до 50 отсто или во металната индустрија каде учеството е околу 15 проценти, но и во други значајни дејности кои имаат сериозен удел во домашната економија и креирањето на БДП. сп/ https://www.youtube.com/watch?v=I3AMMgbCwjQ

Остани поврзан