• петок, 17 мај 2024

Анчелоти не му дозволува на Јовиќ да замине во Фиорентина

Анчелоти не му дозволува на Јовиќ да замине во Фиорентина
Рим, 30 јуни 2022 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е против заминувањето на напаѓачот Лука Јовиќ во Фиорентина, пренесува „Радио Бруно“. Италијанците имаат намера да изнајмат напаѓач во блиска иднина. Италијанското радио јави за намерата на Анчелоти да го задржи српскиот фудбалер во тимот. Тој е подготвен да направи се за да го премисли Јовиќ за преселба во „виолетовите“ од Фиренца. Во текот на вчерашниот ден повеќе италијански медиуми објавија дека Јовиќ следната недела ќе пристигне во Фиренца за да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор со Фиорентина. Минатата сезона Јовиќ настапи на 19 натпревари за Реал Мадрид и постигна еден гол и три асистенции. зс/

Остани поврзан