• недела, 22 декември 2024

Антоновски: Цената е Македонија, цената не е дали на власт ќе биде Мицкоски или Ковачевски, а политичките партии не го сфаќаат тоа

Антоновски: Цената е Македонија, цената не е дали на власт ќе биде Мицкоски или Ковачевски, а политичките партии не го сфаќаат тоа

Скопје, 22 август 2023 (МИА) – Ако размислуваме за државен интерес, во ситуацијата тоа е влез во ЕУ, граѓаните се изјаснуваат и во нивен интерес е влез во ЕУ. На кој начин ќе влеземе, тука е капацитетот на тие кои преговараат, капацитетот на политичките партии, тука е капацитетот на државата што ќе извлече како преговарачи и што ќе извлече како понуда и на кој начин ќе се договори, истакна Драган Антоновски, директор на Медиумската информативна агенција (МИА) во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, говорејќи за уставните измени, за моменталната политичка состојба и за тоа како би продолжил процесот.

Според него, процесот е почнат и трае. Антоновски нагласи дека цената е Македонија, цената не е дали на власт ќе биде Мицкоски или Ковачевкси, а политичките партии не го сфаќаат тоа. Цената е, вели, да го извадиме максималниот капацитет на општеството, дури и заендичка влада, дури и политичка влада составена од најсилните кои на изборите ќе добијат и на тој начин ќе ги поделат местата кој колку ќе добие.

-  ВМРО - ДПМНЕ вели дека нема за што да се  разговара освен за предвремени избори, СДСМ вели нема за што да се разговара освен за влез во ЕУ. Тоа се нормални партиски позиции затоа што се тргнува од партискиот, а не од државниот интерес. Ние ги измешавме работите и тоа трае со години, се изедначува државниот со партискиот интерес, рече Антоновски. 

Прашан дали е најидеално решение ако има предвремени избори и се направи влада, во која би биле и СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, Антоновски вели дека таа идеја е остварлива ако сакаме да седнеме да сработиме во интерес на Македонија, не во интерес на партија и не во личен интерес. Остварлива е, рече, ако сакаме да го извадиме максимумот од општеството, од луѓето кои можат да понудат нешто повеќе од тоа што е партиски кампус. Другата страна, потенцира, е да останеме да чекаме со генерации.

- ЕУ не магично стапче, меѓутоа ЕУ е систем што се покажал функционален, нашиот систем се покажа како нефункционален. Нашите институции се заробени инситуции на некој начин од партиски војски, кои чекаат да дојде ендата структура на власт, па потоа другата, изјави меѓу другото Антоновски. 

Прашан дали смета дека дипломатскиот притисок може да вроди со плод, Антоноски одговори дека треба да се разговара.

За реакцијата од опозицијата дека не биле консултирани пред процесот, Антоновски смета дека тоа е грешка и требало да се разговара. 

- Зошто е проблем повторно да се направи лидерска средба.Зборувам за тимови, да се искористи капацитетот на општеството. Немаме време за чекање заради граѓаните , истакна Антоновски, додавајќи дека младите луѓе нема да чекаат, нездоволните нема да чекаат, но можеби ќе чекаат бизнисмените кои функционриаат во овој, како што рече, матен систем и добро заработуваат.

На прашањето дали се радикализира албанскиот политички блок, Антоновски оцени дека „општествата на Балканот се килави и функционираат со манипулации и со пропаганда“. - Не постои приказната со голема Албанија, не постои приказната со голема Бугарија, со голема Србија. Има политичари кои немаат друг концепт, го користат моментот на стравови, да владеат со стравови. Не треба да се игнорира, треба да се биде внимателен, затоа што тие структури што ги вадат тие стравови, можат да изманипулираат нешто ограничено, контролирано, рече Антоновски. цр/са/

Фото: МИА принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан