• петок, 05 декември 2025

Антонио Кошта во вторник во еднодневна посета на Белград

Антонио Кошта во вторник во еднодневна посета на Белград

Белград, 8 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во вторник ќе биде во еднодневна посета на Белград, во рамки на турннеја по Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.
Тоа ќе биде негова прва посета во рамките на балканската турнеја откако ја презеде функцијата претседател на Европскиот совет. 
Кошта ќе биде следниот ден во посета на Подгорица и попладнето во Приштина.
В четврток се очекува да биде во посета на Скопје.
Турнејата што Кошта ќе ја спроведе во држави од Западен Балкан се одржува пред самитот на Европската политичка заедница, што ќе се одржи на 16 мај во Тирана.
Европската политичка заедница е паневропска иницијатива што датира од 2022 година, основана на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон.
Во неа учествуваат повеќе од 40 лидери од земјите од европскиот континент и институции на ЕУ. зш/

Остани поврзан