Антиќ и Георгиевски членови на натпреварувачката комисија во ФИБА и ФИБА Европа
- Со одлука на Централниот борд на ФИБА, односно на ФИБА Европа, претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ и генералниот секретар Владимир Георгиевски станаа членови на натпреварувачката комисија во ФИБА и ФИБА Европа

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) - Со одлука на Централниот борд на ФИБА, односно на ФИБА Европа, претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ и генералниот секретар Владимир Георгиевски станаа членови на натпреварувачката комисија во ФИБА и ФИБА Европа
- Ова е уште една потврда плус за успешната работа на нашата федерација од страна на светската кошаркарска организација. Првиот човек на македонската кошарка е назначен за член на комисијата за натпревари на светската кошаркарска организација, додека пак првиот оперативец во македонската кошаркарска федерација е дел од натпреварувачката комисија на ФИБА Европа. Натпреварувачката комисија на ФИБА ќе биде составена од четири поткомисии (машки репрезентации, женски национални тимови, младински репрезентации и клупски натпревари),соопштија од КФСМ.
Комисиите на ФИБА имаат мандат од четири години. зс/
Фото: КФСМ