• петок, 22 ноември 2024

Антилопа уби работник во зоолошка во Шведска

Антилопа уби работник во зоолошка во Шведска

Стокхолм, 30 август 2022 (МИА) - Лице вработено во зоолошка градина во Шведска, е убиено од голема антилопа. Нападот се случил доцна синоќа, соопшти денеска сопственикот на Животинскиот забавен парк „Оланд“ на југозападниот остров Оланд.

- Тој беше наш пријател! Сите тагуваме, изјави управителот Ричард Берглунд. Тој додаде дека бил и сведок на немилиот настан додека ѝ помагал на жртвата да ги доведе тн. еланд-антилопи - инаку најголемиот вид на светот, до нивната штала по затворањето на паркот. Полицијата соопшти дека случајот се третира како „несреќа на работното место“, што е стандардна процедура. Не се соопштуваат идентитетот и националноста на починатиот работник. Од денеска паркот е затворен, стои на нивната интернет-страница.  си/сд/

Остани поврзан