• понеделник, 23 декември 2024

Антикорупционерите се вселија во нови простории, обезбедени соодветни услови за новиот софтвер

Антикорупционерите се вселија во нови простории, обезбедени соодветни услови за новиот софтвер
Скопје, 10 март 2021 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата почна со вселување во новите простории – 2 430 метри квадратни на три ката во зградата на Службата за општи и заеднички работи, спротив МНР, со што се решава просторниот проблем на антикорупционерите и се овозможува ставање во функција на софтверот и опремата за поврзување на антикорупционерите со останатите 17 институции од кои треба да се црпат информации, при откривање на случаи поврзани со корупција и судир на интереси. Со ова конечно се решава еден наследен проблем и после неколку различни обиди обезбедување соодветни простории за функционирање и работа, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, по направениот увид во новите простории заедно со директорот на Службата за општи и заеднички работи Пеце Мирчевски и претседателката на ДКСК Билјана Ивановска. - Оваа влада покажува комплетна насоченост и почитување кон сите независни и регулаторни тела во државата, а пред се кон ДКСК и останатите независни институции. Изминатиот период лично се залижив за Комисијата да добие нови простории и се донесе одлкука на Влада за ДКСК да добие три ката во оваа зграда, што се најдобрите простории со кои моментално располага државата. Со одлука на Валда на ДКСК во рамки на буџетот се одвоија и 49 милиони денари за изработка на регистар за избрани и именувани лица, електронско доставување на изјавата за имотна состојба и интереси, нивно објавување. Систем на прибирање на податоци од други институции, нивна обработка, модул за менаџирање со документи и одржување на целокупниот региостар, кој што е неопходен за поврзување на  ДКСК со останатите 17 институции од кои треба да се црпат информации, при откривање на случаи поврзани со корупција и судир на интереси. За овој регистар е објавен меѓународен тендер, по што ќе биде имплементиран, изјави Николовски. Тој посочи дека веќе се работи на измени на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, во кој ќе бидат допрецизирани работите кои ДКСК и останатите независни тела и сите ги увделе како недостаоци и недоречености во постојниот закон. - Во процесот на откривање на корупцијата е важна координацијата и навремена размена на информации меѓу сите надлежни инстуитуции и надлежни тела. Во тој конктест воведовме пракса на редони координации со членовоите на Комисијата еднаш на две недели. Дополнително координацијата со сите антикорупцсики инстутуции, која е под моја надлежност, е важна за спроведување на сите мерки од веќе усвоениот План за борба против корупцијата, изјави Николовски. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, рече дека конечно решиле еден од најголемите проблеми на Комисијата, да има сопствен простор каде ќе може соодветно да функционира. - После се што помина, добро е што конечно се најде решенние. Со тоа решение одговораме на обврските пред меѓународната заедница, која ни испорача помош во вид на опрема - сервери, за кои што конечно во овие простории најдовме соодветни услови. Со тоа се решава едно големо рашање. Останува уште овој простор да се прилагоди за нашите потреби. Тоа ќе одземе некој период на време, но и тоа ќе се заврши, изјави Ивановска. Во однос на обезбедувањето на софтверот за електронско поврзување со другите институции, Ивановска, рече дека со овогодинешнот буџет Владата обезбедила средства и тие веќе имаат распишано тендер за изработка на апликативно решение, што очекува да биде завршено до крајот на месецот и до крајот на годината да биде целосно применливо. - За надминување на третиот предизвик - недостиг на човечки ресурси. Согласно планот за нови вработување и унапредувања, веќе постапивме и направивме унапредување на постојните кадри, со што се отвори простор за нови вработувања. Во тек е и таа постапка, да добиеме согласност од надлежните институции и да објавиме јавен конкурс, изјави Ивановска. Директорот на Службата за општи и заеднички работи Пеце Мирчевски, рече дека ДКСК добила простор од 2 430 метри квадратни во современ објект и дека Службата стои на располагање за се што е потребно. Во истата зграда со ДКСК се сместени и Финансиската полиција и Управата за разузнавање. Со новиот буџет за 2021 година ДКСК има и 38 милиони денари за доопремување и модернизирање. аа/са/

Остани поврзан