• четврток, 21 ноември 2024

Антивладини протести во Полска

Антивладини протести во Полска

Варшава, 14 септември 2024 (МИА) – Лидерот на полската десничарска опозициска партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качински на денешниот протест во Варшава изјави дека проевропската Влада на премиерот Доналд Туск дејствува против националните интереси и ги крши полските закони.

Качински ги повика своите симпатизери да покажат јавна и политичка активност и да го поддржат кандидатот на ПиС на претседателските избори, што ќе се одржат следната година. Опозициската партија сè уште не одлучила кого да предложи во трката за највисоката државна функција.

На денешниот протест пред Министерството за правда во Варшава учествуваа околу 4.000 луѓе.

ПиС беше на власт од 2015 и 2023 година и презеде промени во правосудниот систем што Брисел го критикуваше како недемократски. Право и правда изгуби на минатогодишните парламентарните избори, но продолжува да има влијание преку претседателот Анджеј Дуда. Тој е сојузник на екстремно десничарската партија и блокира голем број предлог закони на Владата на Туск.

Вториот и последен мандат на Дуда истекува во август следната година. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан