• сабота, 23 ноември 2024

Антивладини поротести во Тајланд

Антивладини поротести во Тајланд
Бангкок, 19 септември 2020 (МИА) - Повеќе стотици демонтранти денеска се собраа пред комплексот универзитети во Бангкок, барајќи заминување на Прајута Чан-оче од премиерската функција, донесување на нов устав и одржување на избори. На протестот покрај струдентите, кои беа иницијатори на антивладините демонстрации на средината од летото, присуствуваат и луѓе од другите градови. Дел од лидерите на протестот бараат и реформи со кои ќе биде ограничена моќта на монаријата предводена од кралот Маха Ваџиралонгкорн. На најголемите досега антивладини протести минатиот месец во Бангкок протестираа 10.000 луѓе, а оргнизаторите денеска очекуваат многу поголем број. ми/

Остани поврзан