• понеделник, 23 декември 2024

Анонимно вратени ракописите на Чарлс Дарвин, украдени пред 21 година

Анонимно вратени ракописите на Чарлс Дарвин, украдени пред 21 година
Кембриџ, 7 април 2022 (МИА) - Бележниците на англискиот научник Чарлс Дарвин коишто биле украдени во 2001 година, сега се анонимно вратени во библиотеката на Универзитетот Кембриџ, објави „Дејли мејл“. Ракописите во кои познатиот научник ја образложува теоријата на еволуцијата и потеклото на животот исчезнале пред 21 година. Првично, вработените во библиотеката претпоставуваа дека се на погрешна полица, па ја пребараа целата библиотека, којашто содржи околу 10 милиони книги, мапи и ракописи... Но, тетратките што недостасуваа, не беа најдени. Во октомври 2020 година, полицијата во Кембриџшир беше известена за исчезнатите тетратки. Оттаму покренаа истрага, па било пријавено и во Интерпол. Година и пол подоцна, белешките, кои го содржеле и познатиот цртеж на Дарвин од 1837 година - „Дрвото на животот“, сега се на своето место. Тие биле оставени на подот пред канцеларијата на библиотекарката Џесика Гарднер - на место невидливо за видеонадзорот. Тетратките биле во розова торбичка. На неа била прикачена белешка којашто вели - „До библиотекарката - Среќен Велигден. Х“. Претходно британските медиуми објавија дека во Велика Британија анонимен читател по 48 години вратил книга на латински во библиотеката на Универзитетскиот колеџ во Лондон. „Почитуван библиотекару, за жал, ова враќање доцни 50 години! Сепак, немојте да ја фрлате книгата, бидејќи одвоив време и труд да ја вратам. Веројатно веќе е библиографска реткост“, се вели во белешката. Полицијата продолжува да го истражува исчезнувањето на ракописите на Дарвин.  си/ссм/

Остани поврзан