• недела, 22 декември 2024

Анкета: Мнозинството Јапонците се против летово да се одржат ОИ во Токио

Анкета: Мнозинството Јапонците се против летово да се одржат ОИ во Токио
Токио, 11 јануари 2021 (МИА) - Огромно мнозинство од Јапонците сметаат дека Олимписките игри (ОИ), што лани беа презакажани за ова лето, треба да се откажат или повторно да се одложат покажуваат денеска објавените резултати од две одвоени анкети, спроведени од јапонската телевизиска мрежа ТБЦ и јапонската новинска агенција Кјодо. Од вкупно 1.261 анкетирани во истражувањето на TБЦ, дури 81 отсто сметаат дека не постојат услови за одржување на ОИ, додека 80.1 проценти од вкупно 715 анкетирани во истражувањето на Кјодо се изјасниле оти Игрите треба да се откажат или повторно да бидат одложени. Резултатите од двете истражувањето покажуваат дека бројот на анкетирани Јапонци, кои имаат негативен став за одржување на ОИ во нивната престолнина, пораснал за речиси 20 отсто во споредба со минатиот месец. Негативното расположение меѓу Јапонците околу организацијата на Игрите се должи на неповолната епидемиолошка состојба во земјата поврзана со Ковид-19. Јапонската Влада минатата недела прогласи вонредна состојба во Токио поради се поголемиот број на заразени со коронавирусот, но премиерот Јошихиде Суха, и покрај тоа, изрази оптимизам дека Олимпијадата ќе почне како што е предвидено, на 23 јули. ег/ми/

Тагови

Остани поврзан