• сабота, 21 декември 2024

Анкета: Каселакис во предност за лидерската позиција во СИРИЗА

Анкета: Каселакис во предност за лидерската позиција во СИРИЗА

Атина, 20 септември 2024 (МИА) – Со рејтинг од 31,1 отсто, разрешениот претседател на СИРИЗА Стефанос Каселакис е во предност пред неговите сопартијци во трката за лидер на грчката опозициска партија, додека повеќе од половина од гласачите на СИРИЗА гледаат позитивно на евентуалното враќање на Алексис Ципрас на претседателката позиција, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „МРБ“ за телевизијата „Опен“, јави дописничката на МИА од Атина.

Изборите во СИРИЗА ќе се одржат на 24 ноември и засега сè уште не се официјално соопштени кандидатите за лидер на партијата, а во анкетата се вклучени оние кои веќе јавно изјавија или се очекува да изјават дека имаат намера да се борат за претседателската позиција.

Според резултатите на истражувањето на јавното мислење, СИРИЗА е со едноцифрен рејтинг и паѓа на петтата позиција зад Нова демократија, ПАСОК, Грчко решение и Комунистичката партија.

На почетокот на октомври, лидер ќе избира и ПАСОК, која на конкретната анкета е на втората позиција со нешто помалку од десет проценти зад владејачката Нова демократија.

Во однос на прогнозите за прв човек на грчката Социјалистичка партија, резултатите покажуваат дека актуелниот претседател на ПАСОК Никос Андрулакис е во водство пред градоначалникот на Атина Харис Дукас, кои веројатно главната битка ќе ја водат во вториот круг. ср/

Остани поврзан