• понеделник, 25 ноември 2024

Анегрет Крамп-Каренбауер: Експлозивна ситуација во САД

Анегрет Крамп-Каренбауер: Експлозивна ситуација во САД
Берлин, 4 ноември 2020 (МИА) - Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер изјави денеска дека ситуацијата во САД по изборите е „експлозивна“, изразувајќи загриженост дека тоа би можело да доведе до уставна криза. - Ова е многу експлозивна ситуација. Таа може да доведе до уставна криза во САД, како што тврдат експертите. И тоа е нешто кое мора да предизвика голема загриженост, порача Крамп-Каренбауер. Во САД се одржаа претседателски избори, на кои се избира меѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и демократот Џо Бајден, но се избираат и членови на Претставничкиот дом и 35 членови на Сенатот. Гласањето е завршено, гласачките места се затворени, но во голем број избирачки места победникот се уште е непознат, па новиот американски претседател би можел да биде прогласен дури за неколку денови. гт/

Остани поврзан