• понеделник, 23 декември 2024

Андонов од Василево: Канализациски мрежи во сите населени места, субвенции за термофасади и клима уреди, игралишта и филтер станици

Андонов од Василево: Канализациски мрежи во сите населени места, субвенции за термофасади и клима уреди, игралишта и филтер станици
Скопје, 10 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на општина Василево од ВМРО-ДПМНЕ, Славе Андонов, на вечерашниот митинг во Василево истакна дека на Василево му се потребни промени и нова иднина, а вети дека ќе реализира бројни проекти како канализациони мрежи во сите населени места, субвенции за термофасади и клима уреди, повеќенамесни игралишта и филтер страници, нови паркови и општина без кал на улиците. - Општина Василево е нашиот заеднички дом, во кој секој од нас треба да ја гледа својата иднина и својата шанса, јавно се обврзувам дека нема да делам, туку ќе обединувам. Дека немам предрасуди спрема никого. Дека ги препознавам и почитувам разликите. Бидејќи мојата цел е да бидам градоначалник, без исклучок на сите граѓани на општина Василево, истакна Андонов. На вечерашниот митинг во Василево, Андонов истакна дека власта иако многу ветуваше ништо не направи освен, како што кажа, оставајќи празни зборови и големи долгови. - Општината е должна околу 80 милиони денари. Комуналното претпријатие околу 16 милиони денари. ВМРО-ДПМНЕ има што да понуди на престојните избори, со програма и кадри кои умеат да работат.Нам ни е потребна општина без кал, со нови асфалтирани улици, игралишта, нови паркови, канализирање и чистење на речните корита и чистење на дивите депонии но од се најмногу изградба на што повеќе нови канализациони системи. Се обврзуваме дека ќе изградиме канализациони мрежи во Василево, Градошорци, Ангелци, Пиперево, Владевци, Седларци, Радичево и други населени места, вети Андонов. Како што најави, во првите 100 дена ќе донесат одлука за субвенции за изведба на термофасади, субвенции за клима уреди. - Ќе ги реновираме постојните повеќенаменски игралишта. Висока Маала и Дукатино конечно ќе добијат вода за пиење. Се обврзуваме дека ќе го реконструираме водоводот во Пиперево. Добрашинци конечно ќе го добие Мултифункционалниот центар. Повеќенаменски игралишта ќе се изградат во Чанаклија, Владевци и Висока Маала. Нови филтер станици ќе се изградат во Нова Маала и Сушево, наброи Андонов. Вети работа и беспоштедна битка за повеќе резултати и порача дека на 17-ти октомври граѓаните на Василево треба да донесат одлука за себе,и за подобра општина Василево. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски пред граѓаните во општина Василево истакна дека овие избори се референдум дали земјава ќе се менува, или ќе се дозволи уште четири години национално да се обезличува државата, и економски да се пустоши. -  На 17-ти октомври покрај за градоначалник, покрај за носител на листа, одлучуваме и за тоа каде ќе се движи Македонија. На 17-ти октомври одлучуваме дали Македонија ќе се менува и ќе дојдат промените во Македонија, или ќе се дадат уште четири години можност на Заев и неговата екипа национално да ја обезличува и економски да ја опустошува Македонија, потенцираше Николовски. мс/ац/    

Остани поврзан