Андоновски од Смилево: Историските чекори не се прават кога е лесно, туку кога е неопходно
- Денес сме овде, во Смилево - местото каде што минатото е жив организам. Место каде што секој камен зборува, а секоја педа од земјата сведочи за борбата, визијата и жртвата на оние кои пред 122 години го поплочија патот на македонската државност. Смилевскиот конгрес и Илинденското востание не настанале во време на просперитет, туку во време на репресија, сиромаштија и поделби. И токму затоа храброста на Илинденците е и поголема. Тие не чекале идеални услови - тие ги создале условите преку дејствување, преку организација, преку солидарност, истакнал во своето обраќање министерот Андоновски.
Скопје, 2 август 2025 (МИА) - Историските чекори не се прават кога е лесно, туку кога е неопходно, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој ја предводи владината делегација во Смилево, во состав од заменикот министер за финансии Николче Јанкулоски и заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска.
Како што соопштија од Министерството за дигитална трансформација, тие положиле свежо цвеќе на неколку локации во Смилево по повод чествувањето на големиот празник 2 август - Ден на Републиката - Илинден.
Министерот Андоновски се обрати и на традиционалната илинденска прослава во паркот „Даме Груев“.

- Денес сме овде, во Смилево - местото каде што минатото е жив организам. Место каде што секој камен зборува, а секоја педа од земјата сведочи за борбата, визијата и жртвата на оние кои пред 122 години го поплочија патот на македонската државност. Смилевскиот конгрес и Илинденското востание не настанале во време на просперитет, туку во време на репресија, сиромаштија и поделби. И токму затоа храброста на Илинденците е и поголема. Тие не чекале идеални услови - тие ги создале условите преку дејствување, преку организација, преку солидарност, истакнал во своето обраќање министерот Андоновски. бд/вг/
Фото: Министерство за дигитална трансформација