• понеделник, 23 декември 2024

Андоновска: ВМРО-ДПМНЕ со заштедите на пари од домаќинското работење ќе предложи да се изградат нови улици во скопските општини

Андоновска: ВМРО-ДПМНЕ со заштедите на пари од домаќинското работење ќе предложи да се изградат нови улици во скопските општини
Скопје, 31 август 2022  Марија Андоновска, советничка во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница потенцираше дека во изминатите неколку месеци се направени и реконструирани голем број на улици во скопските општи, а притоа се заштедени и средства како резултат на одговорното и домаќинско работење на општините и градот Скопје. Би сакала да ја искористам оваа прилика да напомена дека во изминатиот период од неколку месеци кој што е релативно краток период се изградија многу улици и се реконструираа многу улици. Дел од тие улици беа реализирани преку меѓуопштинска соработка, додека дел беа проекти на Град Скопје и за нив средства беа издвоено од буџетот. Од она што досега го имаме направено како анализа за изградбата и реконструкцијата на повеќе улица јас би сакал во интерес на јавноста да предочам еден факт, а тоа е дека при изградба и реконструкција на повеќе улици кои што се направени во овој период, за разлика од минатото не само што не се правеле, туку се правеле и дополнителни анекси за да се додадат нови средства за овие улици, во овој случај имаме сосема спротивна ситуација односно имаме заштеди по склучени договори за јавни набавки. Во превод тоа значи дека ако сме имале за една улица предвидени средства сме ја направиле улицата со истиот квалитет кој што е предвиден, но од друга страна и сме заштедиле средства. Тоа е од причина што се работело, се работи и ќе се работи домаќински и одговорно. За улицата Перо Наков се заштедени 12.800.000денари, за улицата Бутелска се заштедени 5.000.500, Кузман Јосифоски Питу се заштедени 14.000.700, улицата Скоевска 3.000.400, Славка Димкова 16.000.000 итн. Ова се сумите кои што се заштедени со домаќинско и одговорно работење на оваа градска власт, потенцираше Андоновска. Андоновска додаде дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ќе поднесе иницијатива се со цел заштедените средства од домаќинското работење да бидат пренаменети во изградба и реконструкција на нови улици, а како што рече на тој начин парите повторно ќе се вратат кај граѓаните. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сите овие заштеди од средства од наредната недела ќе предложи истите тие да бидат наменети за изградба на нови улици, односно решавање на проблемите на граѓаните. Значи најавувам дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од следната седница ќе поднесе иницијатива и одлуки истите средства од заштедите кои што ги имаме направено да се вратата повторно кај граѓаните, односно да се употребат за нови улици во општините онаму каде што има потреба, порача Андоновска.   Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан