• понеделник, 25 ноември 2024

Англија ѝ го нанесе најтешкиот пораз на македонската фудбалска репрезентација

Англија ѝ го нанесе најтешкиот пораз на македонската фудбалска репрезентација

Манчестер, 19 јуни 2023 (МИА) – Рекорден пораз во својата историја претрпе вечерва македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Манчестер од англиската селекција. Дуелот од квалификациите за Еуро 2024 на „Олд Трафорд“ заврши со 7:0 за домаќините.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски беа немоќни на секој дел од теренот. Англичаните „голеадата“ ја почнаа во 29.минута кога резултатот го отвори Хари Кејн. До крајот на првото полувреме во листата на стрелците се запишаа Букајо Сака и Маркус Рашфорд. Во

За само шест минути во вториот дел, Сака погоди уште два пати и оформи хет-трик. Филипс во 64. и Кејн со својот втор погодок во 73.минута од пенал зголемија на 7:0

 

На првиот денешен натпревар од Ц-групата, Украина ја победи Малта со 1:0.

 

Англија е прва на табелата со максимални 12 бода од четири средби. Украина е втора со шест бода од три натпревари. Италија е трета со три бода од две средби. По двата јунски пораза, македонската репрезентација падна на четвртата позиција со три бода од три натпревари. Последна е Малта без освоен бод по четири кола. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан